Иселеничка виза за Австралија за квалификувани работници

Иселеничка виза за Австралија за квалификувани работници

Постојат повеќе мотиви за трајно иселување во Австралија, па со самото тоа и повеќе групи на иселенички визи кои исполнуваат различни цели и одговараат на различни потреби.

Во оваа програма се наоѓа 189 Skill Indepedent Visa, 190 Skill Nominated Visa и 489 Regional (Provisional) Visa.

Ова се визи за постојан престој кои не бараат спонзорство од страна на роднини, држави или територијални влади и Ви овозможуваат да живеете и работите во Австралија како постојан жител.

Основни услови за иселеничка виза

Владата на Австралија развила програма со која сака да ги привлече мигрантите со искуство во областите во кои постои недостиг на квалификувана работна сила. Официјалниот назив на оваа програма е Skilled Migration Program, во чии рамки неопходно е да се исполнат одредени услови поставени од страна на австралиските миграциски служби. Тие услови се однесуваат на квалификациите, работното искуство и познавањето на англискиот јазик.

Условите кои е потребни да се исполнат за иселеничка виза се:

  • Години – во моментот на аплицирањето за виза мора да имате помалку од 45 години
  • Познавање на англиски јазик – мора да го имате потребниот број на поени на некој од признатите тестови за англиски јазик. Во зависност од тестот бараниот број на поени се разликува (на IELTS морате да имате најмалку 6 поени). Резултатите од тестот се важечки 36 месеци
  • Релевантно занимање – потребно е Вашата професија да се наоѓа на списокот на дефицитарни професии во Австралија
  • Проценка на вештините (skill assessment) – Вашето знаење и вештини мораат да бидат позитивно оценети од страна на релевантното здружение кое е надлежно за Вашето занимање
  • Лекарски преглед – Доколку аплицирате за виза мора да ги исполнувате минималните здравствени стандарди за визата да Ви биде одобрена
  • Проценка на карактерот – Морате да бидете личност со добар карактер, што значи дека треба да обезбедите потврда дека не сте биле осудувани
  • Поени на тестот – Повеќето поткласи на овие визи бараат носителот на визата да оствари задоволителен резултат на поени на тестот. Моментално, минималниот баран број на поени е 65

Skill select

За да аплицирате за некоја од овие визи најпрво е потребно да испратите изјава за интерес (Expression of Interest - EOI) преку Skill Select. Со тоа покажувате дека сакате да бидете разгледани за некоја од Skilled-визите. Важно е да се прави разлика и да се напомене дека EOI не е апликација за виза.

Доколку сте повикани да аплицирате за виза, ќе добиете покана од SkillSelect и од тој ден имате 60 дена за да аплицирате за виза.

Што Ви овозможува иселеничката виза

Визата Ви овозможува да живеете и работите во Австралија, да се вклучите во австралискиот здравствен систем, да ги спонзорирате членовите од семејството за соодветни визи, да патувате од Австралија и да аплицирате за австралиско државјанство доколку ги исполнувате условите.

Времетраење на визата

Иселеничката виза Ви дозволува да останете засекогаш во Австралија.

Аплицирање за иселеничка виза

За иселеничка виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.

Такса и време на обработка

Таксата за изработка на апликацијата за иселеничка виза изнесува 3.755AUD.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот за виза