FutureOption.net

Студирање во Америка

Студирање во Америка

САД се најпосакуваната земја во светот за студирање. Секоја година, над еден милион студенти ширум светот одлучуваат да го продолжат своето образование на еден од американските универзитети, а овој број се зголемува од година во година.

Американскиот систем за високо образование, преку големиот број на колеџи и универзитети, нуди најразлични програми за широк спектар на студиски области и дисциплини. Она што е специфично за овој образовен систем е децентрализацијата, што значи дека секоја институција на локално или регионално ниво има свои правила, па при изборот на студиската програма, потренно е да проверите дали е акредитирана.

Висок квалитет на образованието

САД имаат еден од најдобрите универзитетски системи во светот. Како резултат, голем број на  универзитети се наоѓаат во самиот врв на ранг листите на најдобро универзитети. Студиските програми се разноврсни, флексибилни и прилагодливи на различните интереси на студентите, што е една од најатрактивните карактеристики на овој систем. На студентите им се нуди најнапредна технологија и најнова техничка опрема поврзана со сите полиња на студии, што им овозможува да стекнат одлично знаење и важни професионални вештини. Образовните квалификации и дипломите од универзитетите во САД се признати и високо ценети низ целиот свет.

Школарини и стипендии

САД се голема земја со голем број образовни институции и разновидни студиски програми. Соодветно на тоа и школаринате за меѓунаордните студенти се разновидни, а нивните цени зависат од институцијата, нивото на образование, како и од одбраната област на студии. Со цел да се олеснат трошоците за школување на мешународните студенти, многу колеџи и универзитети, како и други организации и фондови, нудат различни видови на стипендии.

Можност за истражувања

Можност за истражувања
Како и другите развиени земји, така и САД ставаат значителен акцент на финансирање и развој на истражувачки проекти, во својот образовен систем. Студентите на постдипломски студии имаат можност да учествуваат во истражувачки проекти со најпознатите светски експерти во својата област. Ова искуство ви дава можност еден ден да станете дел од оваа плејада на светски познати научници.

Можности за работа

Преку американскиот образовен систем, студентите не учат само теорија и знаење, туку и практични и професионални вештини, но и самодоверба, независност во работата, вештини на преговарање, интеркултурни и други вештини што работодавците ширум светот особено ги ценат при вработувањето. Дипломата од американски универзитет не само што ви ја отвора вратата на големите светски компании, истата е ценета и во САД, и може да ви помогне еден ден да станете постојан жител на САД, а потоа и државјанин.

Студентска виза за Америка

Студентската виза ви овозможува да запишете студии и да студирате во Америка. Со оваа виза имате право да работите пола работно време, додека наставата е во тек.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот