FutureOption.net

Мастер студии во Америка

Мастер студии во Америка

Американски универзитети и колеџи (познати како “Graduate schools”) нудат широк спектар на мастер и докторски програми во сите области на студии кои се изучуваат на основните студии. Мастер студиите обично траат две години.

На ова ниво на образование, специјализации од областа на правото и медицината чии програми не постојат на ниво на основни студии, но и специјализации од областа на маркетингот и бизнисот, во понуда се на т.н „Proffesional schools“ (Medical school, Law school и сл.). Поради оваа причина, на американските студенти на пример им е потребно во просек три години за да станат правници, додека на меѓунаордните студенти, кои што имаат добро предзнаење од оваа област стекнато на основните студии во своите земји, само една година.

Школарина за мастер студии

Школарините за мастер студии во САД зависи од студиската област и институцијата, а се движат од 20,000УСД на годишно ниво и се плаќаат семестрално.

Услови и предности на мастер студиите во САД

  • Условите за упис на мастер студии, како и professional degree програмите во САД се завршени основни студии и положен некој од меѓународно признатите тестови по англиски јазик (TOEFL, IELTS и сл.).
  • За одредени програми за упис може да бараат добро предзнаење во одредена област во форма на тест или есеј.
  • Одредени образовни институции бараат GRE или GMAT тест.
  • Мастер диплома од американски универзитет е високо ценета не само во САД, туку и насекаде во светот.
  • Со (F) студентска виза, имате можност да работите на кампусот пола работно време (до 20 часа неделно) во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време.
  • Само 3% од американците имаат завршено мастер студии, што може да биде шанса за вас при вработувањето ако сакате да останете во оваа земја.
  • По завршувањето на мастер студиите, имате можност да го продолжите образованието и да запишете докторски студии со продолжување на студентската виза.
  • За време или откако ќе ги завршите вашите студии, можете (F) студентската виза да ја продолжите така што ќе аплицирате за Practical Training (OPT или CPT) релевантен на вашата студиска област. Овие платени пракси траат најмногу една година и можат да ви донесат вредно работно искуство. Дипломирани студенти на СТЕМ програмите (наука, технологија, инженеринг и математика) можат да аплицираат за STEM OPT пракса од две години.
  • Ако исполнувате одредени услови, можете да поднесете петиција за привремена работна виза (H1-B).

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот