FutureOption.net

Студирање во Германија

Студирање во Германија

Германија е една од најпопуларните дестинации за студирање во Европа поради својот супериорен образовен систем, поволните и разновидните студиски програми и квалификации кои отвораат многу врати низ целиот свет. Во Германија има околу 400 високообразовни институции кои нудат околу 20.000 студиски програми на германски и англиски јазик. Квалитетот и популарноста на студиите во Германија најдобро го докажува бројот на меѓународни студенти кои годишно ја избираат оваа дестинација, што е околу 390.000 студенти.

Академската година во Германија започнува во септември и е поделена на два семестри. Септемврискиот почетен рок е најпопуларен, но постои и почетен рок во март, а на некои институции и во јули.

Висок квалитет на образованието

Германија е традиционално позната по својот врвен образовен систем, одлично рангираните институции и студиските програми кои на студентите им овозможуваат теоретско, како и практично знаење. Германија нуди разновидни студиски програми од сите области, бројни специјализации и интердисциплинарни програми кои овозможуваат стекнување на пошироко знаење, како и тесно специјализирани вештини. 

Можности за работа

Студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија имаат право да работат 20 часа неделно за време на нивните студии. Студентите од трети земји можат да работат или 120 дена во годината полно работно време или 240 дена скратено работно време. По завршувањето на студиите, студентите можат да ја продолжат дозволата за престој до 18 месеци со цел да најдат работа и да останат во Германија.

Школарини и стипендии

Германија е поволна студентска дестинација, државните институции имаат ниски школарини, а покрај тоа, животните трошоци во Германија се меѓу просечните во Европа. Студентите кои ја бираат Германија имаат можност да добијат некоја од бројните стипендии, како државни така и приватни, или оние што ги нудат образовни институции како би им се олеснило студирањето на меѓународните студенти.

Можности за истражување

Германија се истакнува по својата извонредност во однос на истражувањето и иновациите и по огромните средства кои се вложуваат во овој сектор. Постојат над 1.000 институции за наука, истражување и развој, финансирани  од страна на државата, а над 100 милијарди евра годишно се инвестираат во овој сектор. Германските универзитети и истражувачките центри се високо се рангираат, познати се по врвните услови за истражување, искусните истражувачи, широкиот спектар на теми итн. Истражувањата во Германија се карактеризираат со интердисциплинарен и меѓународен карактер, како и соработка на бројни институции, како академски така и приватни.

Студентска виза за Германија

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?

Пополни го прашалникот