Партнер виза за Нов Зеланд

Партнер виза за Нов Зеланд

Партнер визата е наменета за спојување на семејството. За оние чии партнери се постојани жители или државјани на Нов Зеланд, оваа виза им овозможува да дојдат во Нов Зеланд и да живеат заедно.

Ако сакате да стапите во брак во Нов Зеланд со вашиот партнер кој е жител или државјанин на оваа земја, ќе ви треба Culturally Arranged Marriage Visitor виза, која е привремена виза.

Услови за партнер виза

  • Вашиот партнер/ка да е постојан жител или државјанин на Нов Зеланд, и да исполнува одредени критериуми кои се однесуваат на карактерот и можноста да ја спонзорира вашата апликација
  • Да сте во брак или во стабилна врска најмалку 12 месеци и да можете да го докажете ова.
  • Да не сте осудувани или кривично гонети.
  • Да сте во добра здравствена состојба.

Што овозможува партнер визата

Партнер визата ви овозможува да му се придружите на вашиот партнер кој епостојан жител или државјанин на Нов Зеланд, да живеете заедно во таа земја, да работите или студирате. Партнер визата ги вклучува и вашите деца и е наменет за спојување на семејството. Привремената Visitor виза за склопување на брак (Culturally Arranged Marriage Visitor виза) ви овозможува да отидете во Нов Зеланд и да се венчате со вашиот партнер кој е постојан жител или државјанин на Нов Зеланд.

Времетраење на партнер визата

Партнер визата е трајна виза, додека визата за склопување на брак е привремена и трае 3 месеци. После оваа виза можете да го продолжите престојот и да аплицирате за партнер виза.

Аплицирање за партнер виза

За партнер виза се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Нов Зеланд.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на партнер визата изнесува 2,250НЗД, а просечното време за обработка е 10 месеци. Таксата за Culturally Arranged Marriage Visitor виза изнесува 211НЗД, а просечното време за обработка е 15 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот за виза