FutureOption.net

Патување во Австралија

Патување во Австралија

Кога да патувате

Годишните времиња во Австралија се разликуваат од оние на северната хемисфера. Летото трае од почетокот на декември до крајот на февруари, а зимата од почетокот на јуни до крајот на август. Сепак, времето кое ќе го затекнете зависи и од областа која ја посетувате.

Северна Австралија е позната по многу високите температури во јануари и февруари, па доколку сакате нешто попријатна клима, во тој период посетете ги Тасманија, Перт или Мелбурн. Во март започнува сезоната на гледање китови од крајбрежјето на Викторија. Исто така, локации кои е добро да се посетат во март се и Аделаида, Островот на кенгурите и Долината Бароса.

Во текот на април и мај источното крајбрежје е вообичаено суво и сончево. Времето во Сиднеј е преубаво во текот на јуни и јули. Овие два месеца нудат добро време и за посета на Улуру и Дарвин, а најдобар период за посета на Западна Австралија се август и септември, додека пак ноември е најдобар период за посета на Јужна Австралија.

Места кои треба да ги посетите

Улуру

Улуру се наоѓа во „срцето“ на Австралија, а ѝ припаѓа на северната територија. Тој претставува еден од најпознатите и најголемите национални паркови во оваа земја. Тоа, всушност, е брдо кое настанало под дејство на тектонските движења пред 500 милиони години.

Great Ocean road

Great Ocean road е автопат покрај крајбрежјето на Пацификот во државата Викторија, кој е долг 243 km и ги поврзува двата града Торки и Алансфорд. Изграден е во чест на војниците кои учествувале во Првата светска војна и претставува најголем воен споменик во светот.

Сиднејската опера

Сиднејската опера се наоѓа на пристаништето во Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс. Според УНЕСКО, Сиднејската опера е извонредно архитектонско дело, кое ја покажува човечката иновација и креативност.

Големиот корален гребен

Најголемата причина за посета на државата Квинсленд е посетата на Големиот корален гребен. Гребенот се простира на над 2.000 km долж крајбрежјето на Квинсленд и може да се види од вселената.

Островот на кенгурите

Островот на кенгурите е трет по големина остров во Австралија, се наоѓа на 16 km од крајбрежјето на Јужна Австралија и често е опишуван како „Зоолошка градина без ѕидови“.

Туристичка виза за Австралија (поткласа 600)

Туристичката виза (поткласа 600) е наменета за оние кои сакаат да ја посетат Австралија рекреативно, семејно или работно на период до 3, 6 или 12 месеци.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот