Graduate и postgraduate certificate и diploma во Америка

Graduate и postgraduate certificate и diploma во Америка

По степенот на образование овие програми доаѓаат по основните студии. Од мастер студиите се разликуваат по тоа што траат пократко и што се професионално и практично ориентирани. Овие програми се нудат на колеџите и универзитетите.

На ова ниво на студии најчесто се во понуда студии од областа на психологијата, бизнисот, сметководството, финансиите, здравството, јавната политика, биотехнологијата, визуелните уметности, меѓународните студии и слично. Тие се наменети за оние кои сакаат да ги продлабочат своите знаења стекнати на основните студии или да се специјализираат во поврзана студиска дисциплина за да ги унапредат своите кариери.

Програмите обично траат една година, а одредени институции им овозможуваат на студентите да се запишат истовремено на Graduate Certificate и мастер или докторски студии.

Школарина за Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma

Школарината за овие типови на програми зависи од самата студиска програма, времетраењето и институцијаа, а се движат од 10,000УСД на годишно ниво и се плаќаат семестрално.

Услови и предности на Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma

  • Условите за упис на овие студиски програми се завршени основни студии и положен некој од меѓународни тестови по англиски јазик (TOEFL, IELTS и сл.).
  • Предноста на овие програми е што траат пократко и се поефтини од мастер студиите.
  • Програмите се фокусирани на професионални и практични вештини и можат да ви помогнат полесно да се вработите.
  • Програмите се дизајнирани да го продлабочат стекнатото знаење на основните студии или да го прошират со нови и сродни студиски дисциплини.
  • Со овие квалификации ќе можете да ја унапредите кариерата или да се преориентирате на друга.
  • Со (F) студентска виза, имате можност да работите на кампусот пола работно време (до 20 часа неделно) во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време. 
  • За време или откако ќе ги завршите вашите студии, можете (F) студентската виза да ја продолжите така што ќе аплицирате за Practical Training (OPT или CPT) релевантен на вашата студиска област. Овие платени пракси траат најмногу една година и можат да ви донесат вредно работно искуство. Дипломирани студенти на СТЕМ програмите (наука, технологија, инженеринг и математика) можат да аплицираат за STEM OPT пракса од две години.
  • Ако исполнувате одредени услови, можете да поднесете петиција за привремена работна виза (H1-B).

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот за виза