FutureOption.net

Стручни програми во Нов Зеланд

Стручни програми во Нов Зеланд

Нов Зеланд нуди широк спектар на професионални и стручни програми кои по степенот на образование доаѓаат по средното образование, а пре основните академски студии.

Овие програми се нудат на 18 технички и политехнички институти (ITPs), на преку 600 приватни колеџи (PTEs), како и на Wänanga установите. Тие се дизајнирани да им обезбедат на студентите професионални вештини, квалификации и практично искуство за работа на стручни работни места насекаде во светот. Овие институции нудат различни нивоа на квалификации, сертификати и дипломи. Најпопуларните области за студирање се бизнис, ИТ, дизајн, кулинарство, медицинска и социјална заштита, туризам, инженеринг, земјоделство и шумарство.

Високите институции за образование Wänanga се засноваат на маорските вредности и принципи на и вклучуваат студиски програми за маорски јазик, маориска уметност, образование, медицинска нега и бизнис.

Школарина за стручни програми

Школарината зависи од избраната студиска област и програма, како и од институцијата. Тие се движат од 10,000 NZD до 18,000НЗД годишно и се плаќаат на рати.

Услови и предности на стручните програми во Нов Зеланд

  • Условите за упис на некој од стручните програми во Нов Зеланд се завршени средно образование и положен IELTS тест (просечната оценка зависи од студиската област, но најчесто е потребна 5,5 или 6,0).
  • Учебната година на државните институции започнува во февруари и јули, додека приватните институции нудат повеќе уписи во текот на целата година.
  • Стручните програми овозможуваат професионални и практични вештини и квалификации за работа во области кои се од витално значење за општеството.
  • Работодавците во Нов Зеланд го вреднуваат практичното знаење и вештини, што може да ви помогне за вработување и напредување во кариерата.
  • Овие квалификации се признаваат насекаде во светот.
  • Стручните програми се пократки и чинат помалку од основните студии.
  • Овие програми можат да бидат вовед во основните студии; испитите се признаваат на универзитетите, па така студирањето е пократко и полесно.
  • Со студентска виза имате можност да работите пола работно време (до 20 часа неделно) за време на студиите и полно работно време за време на распустите.
  • По завршувањето на студиите, Post-Study Work визата ви овозможува привремено да живеете и да работите во Нов Зеланд. Доколку студиите ги имате завршено во Окланд, оваа виза се издава на период од една година, а доколку сте студирате во други градови на Нов Зеланд, визата се издава на период од две години. Работното искуство што ќе го стекнете на оваа виза може да ви помогне трајно да се населите во Нов Зеланд.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот