FutureOption.net

Стручни програми во Канада

Стручни програми во Канада

Стручните програми (Vocational Training) се нудат на приватните и државните колеџи, политехничките институти и школите за применета уметност и наука. Тие се дизајнирани да развиваат практични и професионални вештини, да го обезбедат потребното знаење и да го олеснат наоѓањето работа и напредокот во кариерата на студентите.

Стручните програми опфаќаат области што се од витално значење за денешното општество, како што се бизнис, сметководство, кулинарство, медицинска нега, електроника, механика, туризам, дизајн и др. По степенот на образование, овие програми доаѓаат по завршување на средното образование, а пред основните академски студии.

Во зависност од саканата област на студирање и потребите на студентите, стручните школи нудат различни нивоа на образование и квалификации, од сертификати до дипломи. Според тоа, овие програми можат да траат од неколку месеци до четири години.

Типови на стручни програми:

  • Certificate
  • Diploma
  • Advanced diploma
  • Co-op programi

Школарина за стручни програми

Школарината за стручните програми во Канада зависи од голем број фактори: видот на програмата, должината на студиите, репутацијата на образовната институција итн. Цените на стручните програми генерално се поповолни од цените на основните студии и се движат од 8,000 до 16,000КАД годишно.

Услови и предности на стручните програми во Канада

  • Условот за упис на стручни програми во Канада е завршено средно образование.
  • Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6 на IELTS тестот или 80 на TOEFL IBT.
  • Главната предност за упис на стручни програми во Канада е стекнување и развој на практични знаења и професионални вештини за посакуваната професија.
  • Професионалните програми се пократки и чинат помалку од основните студии.
  • Стручното образование може да ви овозможи кредит и да ве подготви за основни студии во Канада, кои поради признавањето на испитите од завршените стручни програми ќе траат пократко од вообичаеното време.
  • Поради фокусот на развивање на вештини потребни на современиот пазар, работодавците ги ценат дипломите од стручните програми, што го олеснува наоѓањето работа и со што се гарантира напредок во кариерата.
  • Постојат co-op програми кои им овозможуваат на студентите теоретско учење со одреден период на работа во професијата, каде колеџите ви наоѓаат работа.
  • Работното искуство што го стекнувате, со Post-Graduation Work визата по вашите студии, може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот