FutureOption.net

Бизнис виза за Канада

Бизнис виза за Канада

Доколку планирате да се преселите во Канада и да отворите сопствен бизнис во оваа земја на големи можности, потребна ви е бизнис виза (Start-up Visa).

Услови за бизнис виза

Покрај некои поединелни услови што може да се побараат од вас, општите услови за започнување бизнис во Канада се:

  • Да имате бизнис план, иновативна и креативна идеја за започнување бизнис.
  • Да имате гаранција или писмо на поддршка (Letter of Support) од една или повеќе канадски организации, подготвени и способни да ја поддржат и да инвестираат во вашата бизнис идеја. 
  • Да имате доволно средства за да започнете свој бизнис во Канада.
  • Други услови кои се однесуваат на познавање јазици, биометриски податоци, здравје и карактер.

Што овозможува бизнис визата

Бизнис визата ви овозможува да живеете и да работите во Канада како постојан жител. да го инвестирате вашиот капитал за започнување и развој на сопствен бизнис во оваа земја на големи деловни можности. Можете да го започнете бизнисот додека се обработува вашата апликација за Start-up виза, со привремена дозвола за работа која се однесува на оваа виза.

Времетраење на бизнис виза

Бизнис виза е трајна виза.

Аплицирање за бизнис виза

За бизнис виза апликацијата се праќа на мејл на е-адресата на имиграционата служба на Канада.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за бизнис виза изнесува 1,540КАД, а просечното време на обработка е од 12 до 16 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот