Од Македонија до Австралија - Нашето искуство за заминување во Австралија


Ја сум Цветанка од Велес, Македонија имам 33 години . По професија сум дипломиран професор по македонски јазик и литература, но моето работно искуство не е поврзано со мојата диплома. После моето долгогодишно искуство со работа на брод донесов одлука да започнам да се занимавам со нетворк маркетинг. Имав екслузивна можност да се надградам себеси, да работам флексибилно и да заработувам солидно.

Во март 2019 година почнав сериозно да размислувам дали би сакала да останам во Македонија или да започнам нов почеток во друга земја. Економската ситуација како и нивото на колективната свест длабоко ми пречеа и вознемируваа постојано. Нерегулираниот државен систем како и економската ситуација едноставно премногу влијаеше на секојдневио живот и деструктивно го намалуваше квалитетот на мојот живот. Со генерации се повторуваше истото сценарио и ситуацијата од година во година е се полоша.

student-experience-od-makedonija-do-avstralija_1

Честопати си го поставувавме прашањето со мојот сопруг, која би била дестинацијата каде би заминале? Дали е возможно да заминеме во Австралија со оглед на тоа дека секој коментар за заминување во Австралија беше дека не е воопшто едноставно.

Процес за добивање студентска виза

Кога ја донесовме конечната одлука за заминување, по препорака од најдобрите пријатели и кумашини стапивме во контакт со Елена Симиќ и нејзината агенција Future Оption и веќе наредниот ден тие ни закажаа консултативен разговор. Од првиот момент знаевме дека можеме да имаме потполна доверба и дека сме во раце на професионалци.

Процесот за апликација е долг и обемен, но со поддршката која ни беше дадена се одеше организирано и лесно. Целиот тим заедно со Елена беше несебично подготвен и ни беа на располагање да ни помогнат за буквално се.

Заедно со Елена одлучивме да се запишам на мастер студии за бизнис и администрација на Southern Cross University во Голд Кост.

Процесот на апликација за визата траеше околу 5 месеци, и на крајот на август ја добивме најубавата вест во нашиот живот – нашата студентска виза беше одобрена!!!

student-experience-od-makedonija-do-avstralija_2

Пристигнување и први впечатоци

На 3-ти ноември слетавме во Голд Кост и уште од првиот момент се заљувивме во Австралија и градот. Прекрасни долгометражни плажи, океан, чисти улици, насмеани и љубезни лица...едноставно совршено.

Студирање и живот во Австралија

Студирањето е нешто кое неможе да се спореди со образовниот систем во Македонија. Универзитетот е нов и прекрасен и секое делче е направено со цел да им служи на студентите. Поседува шрекрасни библиотеки, современи училници, има одлична организација и поддршка за интернационалните студенти. Мастер студиите се извонредно квалитетни и лесни за следење.

Самиот град нуди многу можности за работа и прекрасен живот. Градот се одликува со прекрасни чисти паркови, организиран сообраќај, прекрасен океан и чист воздух, едноставно Голд Кост е совршен. Јас и мојот сопруг Александар, максимално уживаме од привиот момент во благодетите на овој живот.

student-experience-od-makedonija-do-avstralija_3

Можности за работа

Минатата година во април, го почнав своето работно искуство во спа центар блиску до комплексот во кој живееме. Ние како нација сме трудољубиви и интелегентни па така преку вредна работа и посветеност успеав после 5 месеци да добијам понуда да бидам генерален менаџер. Истотака паралелно со мастер студиите запишав и школо за ремедиал масажи во Бризбејн. Заработките се повеќе од доволни да редовно ги покриваме сите трошоци и дополнително заштедиме за нашите патувања.

Да се живее и студира во Австралија е совршена можност за секој еден кој мисли дека треба да започне нов почеток во нова држава. Дефинитивно е дека е вредно да се инвестира во образование тука кое максимално ќе ви помогне во можноста да останете овде со перманентен престој.

student-experience-od-makedonija-do-avstralija_4


Elena Simic
Elena Simic | Директор на агенцијата за студирање во странство Future Option

Студирање во Европа, Австралија, Канада, Америка, Нов Зеланд и Велика Британија, менторство, запишување на студии и аплицирање за студентска виза.

Советување и подготовка на апликации за студентски, туристички, партнерски и други визи.

www.elenasimic.net