Мое искуство - Студирање и живот во Австралија


Јас сум Филип Арсов од Скопје, Македонија и имам 22 години. Во Македонија студирав на факултетот за спорт и рекреација во Скопје на кој ги завршив првите две години од основните додипломски студии. Мојата желба за студирање во Австралија се роди кога во Македонија не посети мојот чичко од Австралија кој ми даде идеа и мотивација да се одлучам на овој голем чекор и да аплицирам за студентска виза за Австралија.

На почетокот имав трема и бев во дилема да ли ова е добар потег за мене затоа што во тоа време имав само 19 години, но на крајот излезе дека е една од најдобрите одлуки кои што сум ги донел. Во 2019 година решив да го променам мојот живот на подобро и да аплицирам за студентска виза.

Процес на упис и добивање на студентска виза

Во целиот процес на добивање на студентска виза имав голема поддршка од моите родители пред се. Исто така дознав за агентот Елена Симиќ и нејзината агенција Future Option со седиште во Белград, за која прочитав добри препораки од нејзините клиенти. Нашата секојдневна комуникација одеше преку мејл и Вибер. Јас и моите родители имавме потполна доверба во нејзината работа и поддршката која ја добивав во тој период.

Процесот за упис и добивање на виза траеше неколку месеци. За упис како и за апликацијата за студентска виза се бараа голем број на документи што за мене беше предизвик, но во целиот процес од огромна помош ми беа советите на агентот Елена Симиќ која максимално ни го олесна целиот процес.

После две недели од аплицирањето за виза добив позитивен одговор и имав три дена да се подготвам и отпатувам за Австралија поради почетокот на студиите кој се ближеше.

student-experience-Studiranje-i-zivot-vo-Avstralija_2

Пристигнување во Австралија и први впечатоци

Летот до Австралија беше големо искуство за мене, затоа што беше мое прво патување со авион. За време на летот бев возбуден за новиот почеток, но истовремено и уплашен во врска со новото искуство во една далечна земја каква што е Австралија.

После неколку поминати денови во Мелбурн можев да заклучам дека ова е потполно различна држава од државите во Европа. Моите први впечатоци од градот беа позитивни. Мелбурн и Австралија ми делуваа како во филмовите. Градот има убави плажи, чисти улици, пријателски настрони луѓе кои сакаат да ви помогнат, и нуди многу убави места и знаменитости кои што можете да ги видите и посетите.

Студирање во Австралија

Во консултација со Елена одлучив да се запишам на Box Hill Institute of TAFE, државен колеџ со одлична репутација во Мелбурн, а програмот кој што го запишав беше поврзан со спорт и представуваше надградба на моето тогашно образование. Кампусот на колеџот беше одлично опремен и модерен, а професорите беа навистина извонредни. Иако бев задоволен со колеџот секојдневно морав да патувам 2 часа и ова ми представуваше проблем во првата година од студирањето. По завршувањето на моите едногодишни студии на овој колеџ, одлучив да запишам студии на The Gordon Institute of TAFE во Џилонг, градот во кој што престојувам, а кој е одалечен околу 70км од Мелбурн.

На новиот колеџ за почеток запишав програм за лабораториска технологија по препорака на моите родители, меѓутоа затоа што немав голем интерес за оваа област, одлучив да ја променам областа на студирање и да запишам студии за комерцијално готвење, што одсекогаш беше мој сон и страст. Така ја започнав и својата кариера како готвач.

student-experience-Studiranje-i-zivot-vo-Avstralija_3

Студирањето во Австралија е многу поразлично него во Македонија. Овде студиите, а поготово на колеџите се насочени кон стекнување на практични вештини. Професорите се пријателски настроени и желни да ви помогнат. За разлика од студирањето во Македонија во текот на студирањето во Австралија поголемиот дел од програмите нудат пракса и волонтирање. Јас имав можност со мојот прв колеџ да работам како волонтер во еден од подобрите клубови за фудбал. Ова беше незаменливо искуство за мене. Моменталните студии исто така се конципирани на тој начин да вклучуваат и пракса. Работењето и студирањето за комерцијално готвење се поинакви од другите области и часовите понекогаш траат подолго во текот на денот, но тоа за мене не представува проблем бидејќи за прв пат работам и учам тоа што го сакав одсекогаш.

Живот во Австралија

Животот во Австралија исто како и студирањето во голема мера се разликува од Македонија. Јас живеам во Џилонг, град кој се наоѓа на крајбрежјето во близина на Мелбурн. Градот е преубав за живот и работа и нуди многу можности за студенти како мене. Џилонг е познат по убави плажи, ресторани, хотели и ноќен живот. Јас живеам со моите роднини од кои имам голема поддршка и мотивација да студирам и работам овде.

student-experience-Studiranje-i-zivot-vo-Avstralija_1

Работа во Австралија

Австралија нуди многу можности за студентите кои што сакаат да се образуваат и да ги унапредат своите вештини. На почетокот почнав да работам во кафуле. На оваа позиција работев нешто подолго од една година и променив две кафулиња. Истовремено можев да студирам и да работам. На моменталните студии за комерцијално готвење добив голема поддршка од професорите кои работат како готвачи. Мојот колеџ ја промовираше мојата работа и после одредено време добив понуда да работам во еден од подобрите ресторани во Џилонг која што веднаш ја прифатив. Моментално сум среќен и задоволен од работата и прмањата кои ги имам. Исто така задоволен сум со животот во Австралија. Понатаму една од моите најголеми желби е да работаам во “fine dining” ресторан.

Студентската виза е убава можност да се започне нешто ново и можност за унапредување на сопствените вештини. За сите оние кои имаат желба да студираат во Австралија би им препорачал да се обратат на агентот Елена Симиќ и нејзината агенција која со нејзиниот тим ќе се потрудат да ви ги остварат вашите планови. Елена Симиќ ги водеше моите две апликации за студентска виза и ми помогна да го остварам својот сон.


Elena Simic
Elena Simic | Директор на агенцијата за студирање во странство Future Option

Студирање во Европа, Австралија, Канада, Америка, Нов Зеланд и Велика Британија, менторство, запишување на студии и аплицирање за студентска виза.

Советување и подготовка на апликации за студентски, туристички, партнерски и други визи.

www.elenasimic.net