FutureOption.net

Австралија ги отвара границите за меѓународните студенти

Австралија ги отвара границите за меѓународните студенти


После 20 месеци, границите на Австралија повторно се отвораат за меѓународните студенти од целиот свет кои сакаат да студираат во оваа земја. Според официјалното соопштение на премиерот на Австралија, границите ќе бидат отворени на 15 декември 2021 година за сите меѓународни студенти кои ги исполнуваат пропишаните услови за влез во земјата.

За да можат студентите да патуваат во Австралија од декември, тие мора да ги исполнуваат следниве услови:

  • да бидат целосно вакцинирани против коронавирус со вакцина која е призната во Австралија
  • да обезбедат валиден доказ за примената вакцината
  • да поседуваат студентска виза
  • да имаат негативен PCR тест за Covid19 не постар од 72 часа пред полетувањето

Условите за карантин зависат од австралиската држава или територијата на слетување, како и од крајната дестинација во Австралија.

Списокот на вакцини признати во Австралија неодамна беше проширен и ги вклучува следните вакцини:

  • Pfizer-Biontech (Comirnaty)
  • AstraZeneca vakcine (Vaxzevria i Covishield)
  • Moderna (Spikevax)
  • Johnson & Johnson (Janssen-Cilag)
  • Sinovac (Coronavac)
  • Sinopharm vakcina sa proizvodnim kodom BBIBP-CorV za osobe od 18 do 60 godina
  • Bharat Biotech (Covaxin)

Условот за целосна вакцинација подразбира двете дози од вакцината да се примени со растојание од најмалку 14 дена (со исклучок на вакцината Johnson & Johnson, која се дава во една доза), и да имаат поминато најмалку 7 дена од втората доза.  Студентите кои примиле вакцини од различни производители ќе се сметаат за целосно вакцинирани доколку и двете вакцини се на листата на признати вакцини во Австралија.

Покрај меѓународните студенти, новите мерки ги опфаќаат и носителите на други привремени визи, како што се работни визи и веренички визи, за кои веќе не е потребно да се аплицира за ослободување (еxemption) од забраната за влез во Австралија.

Списокот на привремени визи вклучени во новиот сет мерки можете да го видите овде.


Elena Simic
Elena Simic | Директор на агенцијата за студирање во странство Future Option

Студирање во Европа, Австралија, Канада, Америка, Нов Зеланд и Велика Британија, менторство, запишување на студии и аплицирање за студентска виза.

Советување и подготовка на апликации за студентски, туристички, партнерски и други визи.

www.elenasimic.net