FutureOption.net

Работна виза за Австралија - Temporary Skill Shortage (поткласа 482)

Работна виза за Австралија - Temporary Skill Shortage (поткласа 482)

Оваа работна виза ја има во три вида: Short-Term, Medium-Term и Labour Agreement и Ви овозможува привремено да работите во Австралија.

Услови за работна виза

Основните услови кои е неопходно да ги исполните за работна виза се:

  • Да сте номинирани за работа од страна на одобрен спонзор и номинацијата да е одобрена
  • Да ги задоволувате сите потребни вештини и квалификации, вклучително и позитивни нострификации на вештините (skill assessment)
  • Да ги исполнувате барањата за познавање на англиски јазик
  • Да ги исполнувате сите услови кои се применуваат или биле применливи за Вашата последна виза
  • Да ги исполнувате условите кои се однесуваат на здравјето и карактерот
  • Да ги исполнувате сите дополнителни барања за кои се пријавувате

Што овозможува работната виза

Работната виза за Австралија им овозможува заминување и работа во Австралија на оние кои се занимаваат со некои од професиите кои во Австралија се водат како дефицитарни, го имаат потребното искуство и вештини во таа област, како и работната понуда на австралиските работодавци.

Времетраење на работната виза

Од една до четири години – зависно од Вашите номинации, визните текови и околностите.

Апликација за работна виза

За работна виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.

Такси и време на обработка

Основната такса за обработка на апликацијата за short-term опцијата изнесува AUD1.150, а за medium-term и labour agreement AUD2.455.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот