Студентите од Европската унија, Европската економска зона и Швајцарија кои сакаат да студираат во Шпанија подолго од 3 месеци мора да го пријават својот престој и да добијат дозвола за престој. На студентите од трети земји им е потребна краткорочна студентска виза за студии во времетраење од 3 до 6 месеци, а за подолги студии национална виза и дозвола за престој во форма на студентска картичка за странци.
Со студентска виза, може да се студира на некоја од ценетите шпански образовни институции и да се стекне вредно образование. Меѓународните студенти во Шпанија имаат право да работат скратено работно време. На студентите од трети земји им е потребна работна дозвола за да можат да работат, а сите студенти мора да се регистрираат во социјалната служба за да добијат DNI број кој е потребен за работа.
Краткорочната виза трае од 3 до 6 месеци, додека националната виза се издава за период до една година и се заменува со студентската картичка која се издава на една година и може да се обнови.
За виза се аплицира во дипломатската мисија на Шпанија во земјата на престој, додека за дозволата за престој се аплицира најдоцна еден месец по пристигнувањето во локалната канцеларија за странци или полициската станица.
Таксата за обработка на апликацијата е 60 ЕУР. Времето за обработка на апликацијата е околу еден месец.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Многу професионални, брзи во подготовка на апликацијата, достапни преку телефон и мејл во секое време и пријатни за работа!
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?
Пополни го прашалникот