FutureOption.net

Основни студии во Велика Британија

Основни студии во Велика Британија

Основните академски студии во Велика Британија се нудат воглавно на универзитетите, но исто така и на колеџите низ целата земја. Велика Британија има широк спектар на Bachelor програми во сите области на студии, со над 50,000 програми понудени на околу 395 институции.

Додипломските студии во Велика Британија обично траат 3 години, со исклучок на Шкотска каде овие студии траат 4 години. Некои универзитети нудат и таканаречени „сендвич“ програми кои траат 4 години, од кои една година е посветена на практична работа.

Основните студии во Велика Британија се конципирани на тој начин да обезбедат тесно специјализирано знаење, поврзано со областа на студии и квалификациите кои се стекнуваат на ова ниво на студии се BA (Bachelor of Arts), BSc (Bachelor of Science), BEd (Bachelor of Education) и BEng (Bachelor of Engineering).

Школарини за основни студии

Школарините за основни студии зависат од институцијата, областа на студии, програмата итн. Школарините за странски студенти се движат од 10.000 до 38.000 GBP годишно.

Услови и предности на основните студии во Велика Британија

  • За да запишете основни академски студии, потребно е студентот да има завршено средно училиште и да положи меѓународно признат тест по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE...).
  • Дипломите и квалификациите од Велика Британија се високо ценети низ целиот свет и отвораат многу врати за успешна кариера
  • Велика Британија има некои од најдобро рангираните и најпрестижните универзитети во светот
  • Основните студии се тесно насочени кон областа на студирање и развиваат аналитичко и критичко размислување, како и вештини за академско пишување
  • Студентите имаат право да работат 20 часа неделно за време на студиите и на тој начин да стекнат вредно меѓународно искуство и конекции
  • По завршувањето на основните студии, студентите можат да го продолжат своето образование и да запишат постдипломски студии, а имаат можност и да аплицираат за Post Study Work виза со која можат да работат 2 години во Велика Британија

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за В.Британија?

Пополни го прашалникот