FutureOption.net

Студирање во Шпанија

Студирање во Шпанија

Шпанија е една од најпопуларните европски дестинации за студирање поради квалитетното образование, поволните школарини, климата и привлечниот начин на живот. Во Шпанија постојат 74 универзитети и голем број други образовни институции кои нудат студиски програми од сите области на студии. Шпанија нуди студии на шпански и англиски јазик, што секоја година привлекува скоро 200.000 странски студенти.

Како и во повеќето европски земји, академската година започнува во септември и е поделена на 2 семестри. Некои образовни институции нудат почеток на студиите и во февруари, но и во март.

Висок квалитет на образованието

Бројни шпански универзитети имаат меѓународна репутација и високо се рангираат како резултат на одличниот квалитет на образованието и програмите што ги нудат. Шпанија овозможува студирање во најсовремени услови и од страна на искусни предавачи кои на студентите им пренесуваат знаење од реалниот свет. Студиските програми во Шпанија се структурирани на начин кои на студентите им овозможува академска, професионална или истражувачка кариера.

Можности за работа

Меѓународните студенти во Шпанија имаат право да работат за време на студиите. Студентите кои доаѓаат од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат без работна дозвола, додека на студентите од трети земји им треба работна дозвола и можат да работат до 20 часа неделно. По завршувањето на студиите, студентите од трети земји можат да ја продолжат дозволата за престој на една година со цел да најдат работа.

Школарини и стипендии

Школарината на шпанските универзитети зависи од тоа дали институцијата е приватна или државна, од градот каде што се студира, како и од самата програма. Трошоците за живот и школарините во Шпанија се генерално поповолни во споредба со другите популарни дестинации. Меѓународните студенти во Шпанија имаат пристап до разни видови стипендии, како што се државни стипендии, стипендии од приватни организации и стипендии понудени од образовни институции.

Можности за истражување

Шпанија е еден од светските лидери во образованието, иновациите, технологијата и истражувањето. Шпанските универзитети, истражувачките центри и технолошките паркови обезбедуваат одлични услови за спроведување на најсовремени истражувања, а Шпанија се истакнува во областа на обновливата енергија, биотехнологијата и природните науки, како и електронските и компјутерските технологии.

Студентска виза за Шпанија

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?

Пополни го прашалникот