FutureOption.net

Студирање во Италија

Студирање во Италија

Италија е земја со долга традиција во образованието, во која се наоѓаат некои од најстарите универзитети во светот. Таа е многу популарна студентска дестинација во Европа поради поволното и квалитетно образование и годишно угостува околу 100.000 меѓународни студенти. Постојат околу 250 универзитети, академии и други високообразовни институции во Италија кои нудат разни студиски програми на италијански и англиски јазик.

Академската година во Италија започнува во септември или октомври, а многу институции нудат почеток и во февруари или март.

Висок квалитет на образованието

Италија е горда на својата долга традиција во образованието и има одиграно значајна улога во реформата на високото образование во Европа и воведувањето на стандарди за контрола на квалитетот. Оваа земја нуди високо квалитетни студиски програми и ценети дипломи кои се признати ширум светот. Италијанските образовни институции се карактеризираат со современи услови за работа, современи методи на учење и бројни можности за практично усовршување на студентите.

Можности за работа

Меѓународните студенти во Италија можат да работат 20 часа седмично. На студентите кои доаѓаат од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија не им е потребна работна дозвола, додека на студентите од трети земји им е потребна. По завршувањето на студиите, студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија можат да останат и да работат во Италија, а студентите од трети земји можат да ја продолжат дозволата за престој на една година со цел да најдат работа и да останат во земјата.

Школарини и стипендии

Трошоците за школарина на државните институции се значително пониски од приватните и се прифатливи во споредба со другите популарни дестинации за студирање. Меѓународните студенти во Италија имаат можност да добијат разни стипендии кои можат да ги намалат трошоците за школарина и живот. Во Италија се нудат државни стипендии, регионални стипендии, стипендии од приватни организации, како и стипендии од образовните институции.

Можности за истражување

Италијанскиот образовен систем нуди и бројни можности за спроведување на современи истражувања и иновации. Италијанските универзитети се стремат кон диверзифицирањето на областите на истражување и особено се истакнуваат во истражувањата од областа на климатските промени, астрономијата, уметноста, медицината, реставрацијата, итн.

Студентска виза за Италија

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?

Пополни го прашалникот