FutureOption.net

Стручни програми во Америка

Стручни програми во Америка

Стручните програми во САД (Vocational Training), познати и како „trade schools“, по степенот на образование доаѓаат по средното училиште, а пред основните студии.

Со оглед на нивната практична страна, програмите се наменети за студенти кои сакаат да обучат за конкретни професии, да ги унапредат постојните кариери или да ги заменат со нови. Тие опфаќаат широк спектар на професии и полиња на студии, поврзани со инженеринг, индустрија, дизајн, угостителство, туризам, ИТ, медицинска нега, бизнис и слично.

Стручните програми се нудат на техничките и т.н community колеџи. Студиите траат две или четири години, а има и такви што траат само шест месеци. Квалификациите што можете да ги добиете со упис на овие студии се сертификати и дипломи, кои зависат од програмата и времетраењето.

Школаринa за стручни програми

Школарината за стручните програми зависи од видот на програмата, времетраењто и установата и се движат од 5.000УСД на државните до 33,000УСД на приватните образовни институции на годишно ниво.

Услови и предности на стручните програми во САД

  • Условите за упис на стручните програми во САД се завршено средно образование и положен некој од меѓународни тестови по англиски јазик (TOEFL, IELTS и сл.).
  • Предноста на стручните програми е што тие се пократки и чинат помалку од основните студии.
  • Овие програми се дизајнирани да им обезбедат на студентите практични и професионални вештини потребни за одредена кариера за која се школуваат.
  • Со овие студии, можете да ја унапредите вашата кариера или да изградите нова.
  • Со (М) студентската виза, можете да аплицирате за Practical Training (PT) кој е релевантен со вашата студиска програма и да стекнете вредно работно искуство.
  • По завршувањето на стручниот програм, имате можност да го продолжите вашето образование со студии на повисок степен на образование со аплицирање за нова студентска виза (F).

 

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот