FutureOption.net

Основни студии во Америка

Основни студии во Америка

Системот на основни академски студии во САД функционира преку два вида на програми: двегодишни и четиригодишни студии.

Двегодишните студии се нудат на таканаречените community колеџи, кои во Америка ги има преку илјада. Овие студии нудат широко општо образование со акцент на одредена студиска област за која сте заинтересирани и представуваат подготовка за четворогодишните студии. Квалификациите кои се стекнуваат преку овие студии се А.А (Associate of Arts degree), A.S. (Associate of Science degree), a постојат и A.A.S. (Associate of Applied Science degree) кои се креирани да ви овозможат вработување по завршетокот на студиите. После овие студии, можете да го продолжите образованието на универзитетите во Америка, кои ги признаваат положените испити на колеџите и да стекнете Bachelor диплома.

Четиригодишни основни студии во Америка се нудат на над две илјади колеџи и универзитети. Студиите кои ве квалификуваат за Bachelor диплома ги опфаќаат сите области на студии, освен право и медицина. Овие две научни дисциплини се изучуваат на т.н. професионално ниво на студии (Professional degree), кое доаѓа по основните студии.

Школарина за основни студии

Износот на школарината за основни студии во САД зависи од видот на програмата, одбраната област на студирање и институцијата. На државните  community колеџи, школарината се движи од 5.000УСД на годишно ниво, додека на универзитетите од 25.000 УСД.

Услови и предности на основните студии во САД

  • Условите за упис на основни академски студии во САД се завршено средно образование и положен некој од меѓународно признатите тестови по англиски јазик (TOEFL, IELTS и сл.). За некои образовни институции во САД потребен е и положен SAT (I или II) или ACT.
  • Предностите на студирањето во Америка се високо квалитетно образование; знаење и вештини што ги стекнувате преку еден од најдобрите образовни системи во светот, како и дипломите и квалификациите ценети низ целиот свет.
  • Современи наставни методи, разновидност и флексибилност на студиските програми.
  • Со (F) студентска виза, имате можност да работите на кампусот пола работно време (до 20 часа неделно) во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време. Само во посебни случаи, по една година студирање, можете да добиете дозвола за работа со пола работно време надвор од кампусот.
  • По завршувањето на основните студии, имате можност да го продолжите вашето образование на постдипломски студии со продолжување на студентска виза.
  • За време или откако ќе ги завршите вашите студии, можете (F) студентската виза да ја продолжите така што ќе аплицирате за Practical Training (OPT или CPT) релевантен на вашата студиска област. Овие платени пракси траат најмногу една година и можат да ви донесат вредно работно искуство. Дипломирани студенти на СТЕМ програмите (наука, технологија, инженеринг и математика) можат да аплицираат за STEM OPT пракса од две години.
  • Ако исполнувате одредени услови, можете да поднесете петиција за привремена работна виза (H1-B).

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот