FutureOption.net

Работна виза за Нов Зеланд

Работна виза за Нов Зеланд

Доколку имате намера да работите во Нов Зеланд одредено време ќе ви биде потребна работна виза. Постојат два типа на работна виза, Essential Skills Work виза и Work to Residence виза. И двете визи се привремени, со тоа што вториот тип ви отвара можност за постојан престој во Нов Зеланд.

Услови за работна виза

  • Вашата професија да се наоѓа на листата на дефицитарни професии.
  • Да сте номинирани од страна на новозеландски работодавач за позиција за која не постојат работници на пазарот на труд, како и да имате склопено договор за работа со работодавачот.
  • Да имате потребни квалификации и работно искуство за позицијата (за одредени професии потребно е да бидете регистрирани во соодветната новозеландска асоцијација).
  • За Work to Residence визата потребно е да имате помалку од 55 години.
  • Да исполнувате услови за познавање на англискиот јазик.
  • Да не сте осудувани или кривично гонети.
  • Да сте во добра здравствена состојба.

Што овозможува работната виза

Работната виза ви овозможува привремно да работите и живеете во Нов Зеланд. Work to Residence визата ви овозможува после две години, доколку ги исполнувате условите за вашата професија и квалификациите, да аплицирате за постојан престој во Нов Зеланд.

Времетраење на работната виза

Должината на Essential Skills Work визата зависи од периодот за кој сте номинирани за одредена работа и се издава на период до 5 години. Work to Residence важи до 30 месеци.

Аплицирање за работна виза

За работна виза се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Нов Зеланд.

Такса и време на обработка

Таксата за обработа на Essential Skills Work визата изнесува 495НЗД, а за Work to Residence 635НЗД. Во зависност од типот на работна виза за кој аплицирате, времето на обработка изнесува од 50 до 90 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот