FutureOption.net

Работна виза за Канада

Работна виза за Канада

За да можете привремено да живеете и работите во Канада потребна ви е работна виза. Постојат два основна типа на работна виза: Open Work Permit и Employer-Specific Work Permits.

Open Work Permit

Open Work Permit ви овозможува да работите за било кој работодавач во Канада.

Оваа работна виза може да биде:

  • Неограничена (дозволува на странските државјани да работат било каде во Канада и во било која професија)
  • Ограничена (каде што постои ограничување за локацијата и професијата во која можете да работите)

Визи кои користат Open Work Permit

  • Temporary Work Permits за сопружници и партнери
  • Post-Graduation Work Permit;
  • Temporary Resident Permit;
  • World Youth Program Permit;
  • Atlantic Immigration Pilot Program Spousal Permit;
  • Regular Open Work Permit; 
  • Birding Open Work Permit

Employer-Specific Work Permit

Сo Employer-Specific Work Permit можете да работите за одредени работодавачи во Канада. Генерално работодавачот треба да добие Labour Market Impact Assessment како апликантот би можел да аплицира за оваа виза.

Услови за работна виза

  • Постојат различни услови за добивање работна дозвола за Канада, кои зависат од тоа дали аплицирате за овие визи во или надвор од Канада. Она што генерално треба да исполнувате за да добиете работна дозвола без оглед од каде аплицирате е:
  • Да планирате да останете привремено во Канада
  • Да имате доволно финансиски средства за животните трошоци за првите месеци од престојот во Канада
  • Да докажете дека сте лице со добар карактер
  • Да исполнувате други услови кои се однесуваат на познавање на јазици, биометриски податоци, здравствена состојба, и осигурување.

Што овозможува работната виза

Оваа виза ви овозможува привремено да престојувате  и работите во Канада. Ако имате дефицитарна професија во Канада, ако имате доволно искуство и професионални вештини, работното искуство што ќе го стекнете додека престојувате во Канада на работна виза, може да ви помогне да аплицирате и за постојан престој во оваа земја.

Времетраење на работната виза

Работна виза се издава за период на договорената работа со работодавачот, а најмалку на шест месеци.

Аплицирање за работна виза

За работна виза може да се аплицира преку официјалниот сајт на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC).

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата изнесува 255КАД, а просечното време на обработка е околу три недели.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот