FutureOption.net

Студентска виза за Канада

Студентска виза за Канада

За да студирате во Канада било која студиска програма што трае подолго од шест месеци, потребна ви е студентска виза.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишале студии на некоја од канадските образовни институции и да имате Letter of Acceptance
  • За оние кои сакаат да студираат во Квебек потребен е сертификат за прифаќање (Certificat d'acceptation du Québec (CAQ)), кој го издава Министерството за имиграција на Квебек.
  • Да планирате да останете привремено во Канада.
  • Да имате доволно финансиски средства за трошоците на студирање и престој за време на првата година на студирање во Канада.
  • Да исполнувате други услови кои се однесуваат на познавање на јазици, биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.

Што овозможува студентската виза

Со студентската виза можете да студирате студиска програма на било која канадска образовна институција која се наоѓа на листата на Designated Learning Institution (DLI). Студентската виза ви овозможува да ги додадете своите членови на семејството (партнер/ка и деца), како и да работите и вие и партнерот. Студентот обично добива можност да работи пола работно време, до 20 саати неделно во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време. Со одредени опции на студирање партнерот може да аплицира за open work permit и да работи full time.

Времетраење на студентската виза

Студентската виза се издава за времетраење на студиите и важи 90 дена по завршувањето на студиите.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза може да се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC) кој се наоѓа во повеќето земји.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за студентска виза изнесува 150КАД, а се плаќа додатна такса во износ од 85КАД за биометриски податоци кои се даваат во најблискиот Visa Application Centre (VAC). Просечното време на обработка е околу 5 недели.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Курсеви по англиски и француски јазик во Канада

Запишете курс по англиски или француски јазик во Канада и усовршете го англискиот или францускиот јазик на брз и лесен начин.

Повеќе детали

Основни студии во Канада

Информирајте се што е потребно за упис на основни студии во Канада. Стекнете меѓународно призната диплома на некој од универзитетите во Канада.

Повеќе детали

Стручни програми во Канада

Изберете некоја стручна (VET) програма во Канада, развијте практични и професионални вештини и олеснете го пронаоѓањето работа и напредокот во кариерата.

Повеќе детали

Мастер студии во Канада

Усовршете го постоечкото знаење на некој од многубројните мастер програми, запишете мастер студии и продолжете го школувањето во Канада.

Повеќе детали

Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma во Канада

Развијте го своето знаење во одрена област за понатамошна надоградба на квалификациите или проширување на професионалните способности, со упис на Graduate certificate и diploma во Канада.

Повеќе детали

Докторски студии во Канада

Дознајте све за уписот на докторски студии и стекнување на титула доктор на науки на PhD студии во Канада.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот