FutureOption.net

Иселеничка виза за Канада

Иселеничка виза за Канада

Иселеничка виза за Канада за квалификувани работници

Еден од начините да мигрирате и трајно да се населите во Канада е иселеничката виза за квалификувани работници. Постојат повеќе иселенички програми преку кои можете да добиете иселеничка виза:

  • Express Entry е онлајн систем кои опфаќа три имиграциони програми: Federal Skilled Worker Program, Federal Skilled Trades Program и Canadian Experience Class. Со пријавата на овој систем се бодуваат вашите квалификации, образование, вештини и работно искуство, врз основа на кои се добива покана да аплицирате за иселеничка виза преку една од овие три програми. Условите кои што морате да ги исполните за добивање на иселеничка виза се разликуваат од програма до програма, а за овој тип на виза не е потребна номинација од страна на работадавач од Канада.
  • Provincial Nominees program (PNP) е наменет за квалификувани работници кои имаат номинација (понуда за работа) од страна на канадска фирма од одредена канадска провинција или територија во која планираат да се населат. За оваа програма може да се аплицира и преку Express Entry.
  • Atlantic Immigration Pilot е нова програма за имиграција поврзана за Атлантска Канада и слично на претходната, бара номинација од страна на работодавач од оваа територија. Опфаќа две програми за квалификувани работници: Atlantic Intermediate-Skilled Program (AISP) и Atlantic High-Skilled Program (AHSP).
  • Quebec-Selected Skilled Workers е програма за имиграција за провинцијата Квебек и као и претходните две програми бара номинација од страна на работодавач од Квебек.

Услови за иселеничка виза

Поединечните услови за иселеничка виза се разликуваат од програма до програма и од провинција до провинција. Општите услови што треба да ги исполнете се:

  • Образовни и работни квалификации за одредена работа. Вашето знаење и професионални вештини мора да бидат оценети позитивно од релевантна и надлежна асоцијација.
  • Да имате доволно финансиски средства со кои можете да ги покриете почетните трошоци за престој во Канада. 
  • Други услови кои се однесуваат на познавање јазици, биометриски податоци, здравје и карактер.

Што овозможува иселеничката виза

Иселеничката виза ви овозможува трајно да се населите во Канада, да живеете и работите, да спонзорирате членови на семејството за соодветни визи и да аплицирате за канадско државјанство доколку исполнувате одредени услови.

Времетраење на иселеничка виза

Иселеничката виза е трајна виза.

Аплицирање за иселеничка виза

За иселеничката виза се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Канада.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата изнесува 1,040КАД, а просечното време на обработка е од 6 до 19 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот