FutureOption.net

Живот и работа во Нов Зеланд

Живот и работа во Нов Зеланд

По оценувањето на странците, а според списокот на HSBC Expat Explorer за 2018 година, Нов Зеланд е втората најпосакувана дестинација и втора најдобра земја во светот за живот и работа.

Услови за живот

Нов Зеланд е во самиот врв помеѓу земјите со најдобра благосостојбата на животот, а неговиот најголем град Окленд е меѓу трите најдобри градови во светот по квалитетот на живот. Тој е во самиот врв помеѓу земјите по рамнотежата помеѓу работата и животот.

Новозеланѓаните посветуваат подеднакво време за живот и забава, колку што посветуваат и на работата. Нов Зеланд е безбедна земја, со многу ниска стапка на криминал и со општество кое скоро да не знае за корупција. Поради тоа, како и поради чистата и незагадена природа, развиената економија, добриот здравствен систем и квалитетното образование, таа е многу пожелна дестинација за семеен живот.

Можности за работа и кариера

Со силна, развиена и просперитетна економија, Нов Зеланд е земја на одлични можности за работа. За разлика од многу други земји во светот, економијата на Нов Зеланд не беше значително засегната од светската финансиска криза. Вработеноста значително се зголеми во последните пет години и се очекува да расте уште повеќе во наредниот период. Денес најголеми можности за работа имаат стручните лица во областа на индустријата, медицината и информатичката технологија, но и во другите сектори, особено ако вашата професија е на списокот на дефицитарни професии во Нов Зеланд.

Како до работа

Постојат голем број на веб страници каде што можете да најдете работа во Нов Зеланд, а трите најпопуларни се trademe, seek, и careersnz. Исто така, постојат веб страници кои се специјализирани за работа во одредена област, на пример за медицина, индустрија, наука, итн. (kiwi health jobs, science new zealand, farm source jobs), а двете најпопуларни веб страници за мигрантите се workhere и working in new zealand.

Плати во Нов Зеланд

Просечна плата во Нов Зеланд во 2018 година беше 1,000НЗД на неделна основа. Највисоко платени работни места според сајтот careersnz се работните места во ИТ секторот.

Работна виза за Нов Зеланд

Работната виза овозможува работодавците да спонзорираат работници од странство за одредени дефицитарни позиции. Ова е најчеста виза за вработување странски работници во Нов Зеланд.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот