FutureOption.net

Post-Graduation Work виза за Канада

Post-Graduation Work виза за Канада

Доколку после завршените студии во Канада сакате одредено време да живеете и работите во оваа земја, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза (PGWP).

Услови за Post-Graduation Work виза

  • Да имате повеќе од 18 години.
  • Да сте биле редовен студент на некоја студиска програма во Канада минимум 8 месеци во континуитет.
  • Да сте дипломирале неодамна на некоја образовна институција која се наоѓа на листата на Designated learning institutions (DLI).
  • Да имате важечка студентска виза.
  • Да сте поднеле барање за Post-Graduation Work виза во рок од 90 дена од завршетокот на студиите 
  • Да исполнувате други услови кои се однесуваат на познавање на јазици, биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.

Што овозможува Post-Graduation Work визата

Оваа виза ви овозможува привремено да живеете, работите полно работно време во Канада и стекнете канадско работно искуство. Работното искуство кое ќе го стекнете во овој период може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

Времетраење на Post-Graduation Work визата

Оваа виза се издава на период од 9 месеци до 3 години. Периодот на кој што ќе добиете Post-Graduation Work виза зависи од времетраењето на студиите во Канада. Доколку сте студирале програма која што траела 9 месеци можете да добиете Post-Graduation Work виза на период од 9 месеци. Доколку сте студирале програма која што траела од 9 месеци до 2 години Post-Graduation Work визата се издава на ист период колку што траела и студиската програма, а доколку студиите траеле 2 или повеќе години Post-Graduation Work визата се издава на период од 3 години.

Аплицирање за Post-Graduation Work виза

За Post-Graduation Work виза се аплицира онлајн преку официјалниот сајт на имиграционата служба на Канада.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на Post-Graduation Work визата изнесува 255КАД, а времето на обработка на апликацијата е најмалку 69 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот