FutureOption.net

Основни студии во Нов Зеланд

Основни студии во Нов Зеланд

Академското образование што ќе го добиете од универзитетите во Нов Зеланд е добро потрошено време и пари. Дипломирани студенти на универзитетите во Нов Зеланд имаат висока стапка на вработеност ширум светот.

Основните студии во Нов Зеланд се нудат на универзитетите, но исто така и на индивидуалните технички и политехнички институти (ITPs), како и во приватни образовни институции (PTEs). Тие траат од три до четири години.

Школарина за основни студии

Цените на основните студии во Нов Зеланд зависат од студиската област и универзитетот. На годишна основа, тие се движат од 22,000НЗД до 32,000НЗД и се плаќаат семестално, при што студиите од областа на медицината и ветерината се поскапи.

Услови и предности на основните студии во Нов Зеланд

  • Условите за упис на основни студии на универзитетите во Нов Зеланд се завршено средно образование и положен IELTS тест (со просечна оценка од 6,0 / 6,5, во зависност од студиската област).
  • Високиот квалитет на образованието е загарантирано, а квалификациите што ги добивате се признати насекаде во светот.
  • Универзитетите во Нов Зеланд користат современи наставни методи и модерна технологија, нудат флексибилни студиски програми и атмосферата на часовите е пријатна и опуштена.
  • Со студентска виза, имате можност да работите пола работно време (до 20 часа неделно) за времетраењето на наставата и полно работно време за време на распустите и празниците.
  • На вашата студентска виза имате можност да доведете партнер.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот