FutureOption.net

Студентска виза за Италија

Студентска виза за Италија

Студентската виза не е потребна за студенти кои доаѓаат од земјите-членки на Европската унија, Европската економска зона и Швајцарија, додека на државјаните на трети земји им е потребна ако сакаат да студираат повеќе од 3 месеци. Сите меѓународни студенти мора да аплицираат за дозвола за престој по пристигнувањето во Италија.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишани на студии на акредитирана образовна институција во Италија
  • Да имате соодветен степен на образование за студиите кои ги запишувате во Италија
  • Да имате доволно ниво на познавање на јазикот на кој што се изведува наставата
  • Да имате организирано сместување за периодот на студирање
  • Да сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и престој во Италија
  • Да имате соодветно здравствено осигурување
  • Да докажете дека не сте осудувани и претходно да не сте одбиени за италијанска виза

Што овозможува студентската виза

Италијанската студентска виза овозможува стекнување вредно образование и диплома на некоја од ценетите образовни институции, на италијански или англиски јазик. Со студентската виза за време на студиите можете да работите до 20 часа неделно. На студентите од трети земји им е потребна и работна дозвола за остварување на ова право.

Времетраење на студентската виза

Студентската виза може да се издаде на период до една година, по истекот, ја заменува дозволата за престој која се издава на една година и може да се обновува.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза, односно национална виза Д се аплицира во дипломатската мисија на Италија во земјата на престој, додека за дозволата за престој се аплицира најдоцна 8 дена по пристигнувањето во локалната полициска станица или пошта.

Такси и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата е 50 ЕУР. Просечното време за обработка на апликацијата е до 3 недели, но постапката за добивање термин во амбасадата може да трае до 2 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?

Пополни го прашалникот