FutureOption.net

Postgraduate диплома и сертификат во Велика Британија

Postgraduate диплома и сертификат во Велика Британија

Postgraduate Certificate и Diploma се постдипломски студии кои се нудат на универзитетите и колеџите во Велика Британија. Овие програми се нудат во повеќето области за кои се нудат и мастер студии и се наменети за оние кои сакаат да го подобрат своето знаење стекнато на основните студии или да ја променат својата кариера со стекнување на употребливи знаења и вештини, за разлика од мастер студиите кои се поакадемски структурирани.

Овие програми траат пократко од мастер студиите и обично траат помеѓу 9 и 12 месеци, дипломите траат подолго од сертификатите и носат повеќе ЕКТС кредити.

Школарини за Postgraduate Certificate и Diploma

Школарината за овие програми зависи од видот на програмата, областа, институцијата итн. Школарината генерално се движи од 10.000 до 15.000 GBP.

Услови и предности на Postgraduate Certificate и Diploma

  • Условите за упис на Postgraduate Certificate и Diploma во Велика Британија се завршени основни студии и положен меѓународно признат тест по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE...).
  • Во Велика Британија се наоѓаат некои од најпрестижните институции, оваа земја нуди супериорни услови за студирање и програми кои нудат употребливо и практично знаење
  • Стекнатите дипломи и квалификации во Велика Британија отвораат бројни можности за кариера бидејќи се ценети и признати ширум светот
  • По завршувањето на Postgraduate програмите на некои институции постои можност за продолжување и добивање на мастер диплома
  • Студентите имаат право да работат 20 часа неделно за време на нивните студии, што е одличен начин да стекнат драгоцено работно искуство

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за В.Британија?

Пополни го прашалникот