FutureOption.net

Курс по англиски јазик во Велика Британија

Курс по англиски јазик во Велика Британија

Велика Британија е втора најпопуларна дестинација за студирање во светот и како земја на англиско говорно подрачје е многу популарна дестинација за учење на англискиот јазик. Курсевите по англиски јазик во Велика Британија се нудат во школите за јазици, но исто така и во рамките на високообразовните институции.

Учењето јазик во средина каде што тој јазик се зборува секојдневно е ефикасен начин за брзо и лесно усвојување на знаењето. Оваа опција е флексибилна, курсот може да започне секој понеделник во месецот и може да се запише на период до 11 месеци.

Типови на курсеви

  • Summer courses - Наменети воглавно за деца и тинејџери кои се одржуваат за време на летниот распуст и кои обично вклучуваат дополнителни активности и посети на разни туристички атракции.
  • General English - Наменет за усовршување и изучување на јазикот за секојдневна комуникација или работа на англиски јазик.
  • Business English - Фокусот на овој тип на курс е на деловната комуникација, преговорањето, презентирањето и излагањето.
  • Exam Preparation - Овој тип на курс е наменет за студенти кои се подготвуваат да полагаат еден од меѓународно признатите тестови по англиски јазик.

Цена на курсевите по англиски јазик

Школарината за курсевите по англиски јазик зависи од типот на курсот, образовната институција, како и од локацијата. Школарините се движат од 200 фунти неделно.

Услови и предности на курсот по англиски јазик во Велика Британија

  • За упис на курс по англиски јазик не постојат некои посебни услови
  • Не е потребно полагање на меѓународно признат тест по англиски јазик, како што се TOEFL, IELTS, CAE и слично
  • Курсевите за јазик се флексибилни, може да траат од една недела до 11 месеци и да започнат секој понеделник во месецот
  • Велика Британија нуди висококвалитетни курсеви по англиски јазик на голем број образовни институции
  • Учењето јазик во земја во која се зборува англиски е поефикасно и полесно отколку во матичната земја
  • Курс по англиски јазик во Велика Британија може да го подготви студентот за студирање или работа во странство

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за В.Британија?

Пополни го прашалникот