FutureOption.net

Туристичка виза за Австралија (поткласа 600)

Туристичка виза за Австралија (поткласа 600)

Доколку планирате да патувате и да ја посетите Австралија ќе Ви биде потребна туристичка виза.

Ниедна туристичка виза не Ви дозволува да работите во Австралија, но постои можност да студирате на некој курс кој трае до 3 месеци.

Постојат повеќе различни видови, кои се засновани на мотивите за посета на Австралија:

  • Туристичка посета - За овој тип на виза аплицирате доколку патувате во Австралија заради одмор, рекреација, посета на семејството или пријателите или за други цели кои не вклучуваат работа или медицински третман. Кога ќе аплицирате и во моментот кога ќе Ви пристигне одговорот на апликацијата морате да бидете надвор од Австралија.
  • Работна посета - За овој тип на виза аплицирате доколку патувате во Австралија поради кратка работна посета. Ова вклучува општи работни обврски, преговори или учество на конференции. Кога ќе аплицирате и во моментот кога ќе Ви пристигне одговорот на апликацијата морате да бидете надвор од Австралија.
  • Спонзорирана семејна посета - За овој тип на виза аплицирате доколку одите во посета на блиски роднини или член на семејството во Австралија, кој е државјанин или постојан жител на Австралија и кој ќе Ве спонзорира за оваа виза. Условите за овој тип се нешто поригорозни во однос на туристичката посета и потребно е спонзорот да уплати депозит за оваа виза, кој се враќа кога апликантот ќе ја напушти земјата.
  • Организирана тура од Кина - Наменета е за државјаните на Кина кои патуваат во организирани туристички групи во Австралија.

Што овозможува туристичката виза

Овозможува туристичка или работна посета на Австралија на период од 3, 6 или 12 месеци.

Услов

Доколку на Вашата виза не е наведен услов "No further stay", имате право да аплицирате за нова виза додека сте во Австралија.

Аплицирање за туристичка виза

За туристичка виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.

Такси и време на изработка

Таксата за изработка на апликацијата изнесува 190AUD, додека времето на обработка на визата варира од 17 до 28 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот