FutureOption.net

Студирање во Австралија

Студирање во Австралија

Австралија се наоѓа на трето место по бројот на меѓународни студенти и нуди голем број опции за студирање. Без разлика на тоа што ќе одлучите да студирање или колку долго, австралиските закони Ви гарантираат квалитетно образование и заштита на правата на меѓународните студенти.

Извонреден квалитет на образование

Меѓународните студенти се многу важни за економијата на Австралија, па затоа Владата на Австралија вложува големи напори за регулирање на образовниот сектор. Осум австралиски универзитети се наоѓаат на листата на 100 најдобри универзитети во светот, а квалификациите со кои ќе се здобиете се глобално признати. Исто така, можете да најдете многу можности за целосни или делумни стипендии за меѓународни студенти кои ги нудат Владата и универзитетите на Австралија.

Мултикултурно население

Австралија е мултикултурна земја, што е видливо преку разновидната храна, начинот на живот, културните обичаи кои се присутни во Австралија. Додека студирате во Австралија ќе запознаете луѓе од различни делови на светот, што ќе Ви помогне да научите повеќе и за другите земји, нации и култури. Австралијанците се познати по љубезноста и без оглед на тоа каде живеат, ќе им помогнат на другите кога е потребно.

Можности за работа

Дипломираните студенти на австралиските универзитети се почитувани и препознавани ширум светот, па поради тоа имаат одлични шанси за вработување.

Исто така, ќе имате можност да работите за време на студирањето и да стекнете работно искуство. Доколку сте во Австралија со студентска виза, вообичаено ќе можете да работите 20 часа неделно.

Можности за истражување

Австралиските универзитети го промовираат практичното учење и нудат многу можности за студентите да се вклучат во истражување. Австралија се наоѓа во топ 10 земјите кога станува збор за издвојување на средства за истражување и развој, а позната е и по побрзото усвојување на новите технологии во однос на другите земји во светот. Научниците и истражувачите од Австралија се одговорни за многу големи откритија и технолошки иновации.

Студентска виза за Австралија (поткласа 500)

Студентската визa (поткласа 500) ви овозможува да запишете студии и да студирате во Австралија. Со оваа виза имате право да работите половина работно време, додека трае периодот за настава.

Повеќе детали

Temporary Graduate виза за Австралија (поткласа 485)

Temporary Graduate визата (поткласа 485) им нуди шанса на неодамна дипломираните студенти да стекнат значајно меѓународно работно искуство во Австралија по завршувањето на студиите.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот