FutureOption.net

Студентска виза за Австралија (поткласа 500)

Студентска виза за Австралија (поткласа 500)

За да студирате во Австралија на која било студиска програма која трае подолго од 3 месеци, потребно е да имате студентска виза.

Услови за студентска виза

Условите кои треба да ги исполните за студентска виза се:

  • Упис на студиска програма на некоја од австралиските образовни установи
  • Доказ за упис (confirmation of enrollment)
  • Да имате положено некој од меѓународно признатите тестови за англиски јазик (IELTS, TEOFL, PTE...). Исклучок постои ако запишувате курс по англиски јазик во Австралија. Тогаш не Ви е потребен положен тест
  • Доказ дека планирате да останете во Австралија привремено
  • Доказ за финансиската способност (финансиска гаранција). Со тоа потврдувате дека можете да ги покриете трошоците за студирање, живот и патување во Австралија
  • Исполнети услови кои се однесуваат на карактерот
  • Платено соодветно здравствено осигурување (OSHC - Overseas Students Health Cover)
  • Државјаните на одредени земји треба да докажат дека се во добра здравствена состојба

Што овозможува студентската виза

Со студентската виза можете да студирате на австралиските образовни установи кои се регистрирани на CRICOS. Таа исто така овозможува со себе да земете и членови од Вашето семејство.

Со студентската виза вообичаено можете да работите со скратено работно време, значи до 20 часа неделно, а за време на распустот и со целосно работно време.

Времетраење на студентската виза

Се издава за периодот на траење на студиската програма плус два месеца, доколку програмата трае подолго од 10 месеци, односно плус еден месец доколку програмата трае помалку од 10 месеци. Може да се издаде за максимален период од пет години.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.

Такси и време на обработка

Таксата за изработка на апликацијата за студентска виза изнесува 650AUD. Просечното време на изработка на апликацијата е околу еден месец.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Курс по англиски јазик во Австралија

Запишете курс по англиски јазик во Австралија и усовршете го англискиот јазик на брз и лесен начин во земја од англиско говорно подрачје.

Повеќе детали

Додипломски студии во Австралија

Информирајте се што е потребно за упис на додипломски студии во Австралија. Стекнете меѓународно призната диплома на некој од универзитетите во Австралија.

Повеќе детали

Стручни (VET) програми во Австралија

Изберете некои од стручните (VET) програми, развијте практични и професионални вештини и олеснете го пронаоѓањето на работа и напредокот во кариерата.

Повеќе детали

Мастер студии во Австралија

Усовршете го стекнатото знаење на некоја од многубројните мастер програми, запишете мастер-студии и продолжете го школувањето во Австралија.

Повеќе детали

Graduate Сертификат и Диплома во Австралија

Развијте го своето знаење во одредена област за понатамошно надоградување на квалификациите или проширување на професионалните способности.

Повеќе детали

Докторски студии во Австралија

Дознајте сè за уписот на докторски студии и стекнување на звање доктор на науки на PhD-студии во Австралија.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот