FutureOption.net

Стручни (VET) програми во Австралија

Стручни (VET) програми во Австралија

Стручните програми, во Австралија попознати како Vocational Studies или скратено VET програми, се креирани така што развиваат практични и професионални вештини кои на студентите им го олеснуваат наоѓањето на работата и напредокот во кариерата.

Според степенот на образование, стручните програми следат по средното образование, а пред додипломските студии, така што најмногу би одговарале на вишите школи кои постојат во нашите региони.

Нивоа на стручни програми:

  • Сертификат I-IV
  • Диплома
  • Advanced diploma

Цена на стручните програми

Школарините за стручните програми се движат од 6,000AUD до 17,000AUD на годишно ниво. Приватните колеџи даваат пофлексибилен план за плаќање, па плаќањето може да биде квартално или дури и месечно.

Услови и предности на посетување на стручните програми во Австралија

  • Работодавците ги ценат стручните програми затоа што се фокусирани на развојот на неопходните вештини кои се барани на современиот пазар.
  • На државните колеџи генерално постојат два уписни рока и наставата почнува во февруари и јули секоја година. На приватните колеџи може да постојат четири или повеќе уписни рокови и наставата може да почне во февруари, април, јули и октомври
  • Стручните програми може да бидат поповолен и поедноставен начин доколку подоцна сакате да стекнете диплома од високо образование бидејќи универзитетите ги признаваат испитите од стручните програми па ќе Ви биде потребно помалку време за да ја стекнете оваа диплома
  • На тестот IELTS генерално се бара просечна оцена 5.5 и ниеден дел да не биде под 5, но ова во голема мера зависи и од областите на студирање
  • Курсевите за стручно образование, исто така, може да обезбедат кредит и за додипломските студии

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот