FutureOption.net

Студентска виза за Америка

Студентска виза за Америка

За да студирате во САД потребна ви е студентска виза. Доколку во оваа земја сте запишале некој стручен програм (Vocational Training), или некоја друга неакадемска студиска програма, потребно е да аплицирате за (М) студентска виза. Ако сте запишале академски студии (основни, мастер или докторски студии) или курс по англиски јазик потребно е да аплицирате за (F) студентска виза.

Услови за студентска виза

  • Образец I-20 кој го доставува образовната институција по запишувањето на некоја од акредитираните студиски програми во Америка (Student and Exchange Visitor Program – SEVP).
  • Потврда за регистрација во системот СЕВИС (Student and Exchange Visitor Information System), т.е. потврда за уплата на таксата I-901.
  • Пополнет и одобрен формулар ДС-160 – онлјан барање за не-иселенички визи (онлјан преку веб страницата на американската амбасадата).
  • Доказ дека планирате да останете привремено во САД - до завршетокот на студиите.
  • Потврда дека не сте осудувани.
  • Доказ дека имате доволно финансиски средствата за школарината и трошоците за живеење најмалку за една година студирање во САД.
  • Да имате здравствено осигурување.

Што овозможува студентската виза

Студентската (F и M) виза ви овозможуваат да студирате во Америка, но и да го доведете вашиот партнер со вас, како и децата кои имаат право да одат на училиште во САД. Со студентска виза, можете да работите на вашиот кампус пола работно време, до 20 часа неделно, во текот на семестарот и неограничено за време на распустите. Со одредени услови, по една година студирање, можете да побарате дозвола за работа со пола работно време надвор од кампусот. Студентската виза можете да ја продолжите ако сакате да го продолжите образованието или да аплицирате за Practical Training (за време или по вашите студии), што може да ви донесе драгоцено работно искуство во оваа земја.

Времетраење на студентската виза

Студентската виза се издава за времетраењето на студиите што сте ги запишале, но можете да влезете во САД само 30 дена пред почетокот на студиите и да останете во неа најмногу 60 дена по дипломирањето.

Аплицирање за студентска виза

За студенска виза аплицирате преку Амбасадата на САД во вашата земја. Еден од чекорите во процесот на аплицирање е конзуларното интервју.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за студентска виза е 160УСД, а периодот за обработка на апликацијата варира од случај до случај. Периодот на чекање претставува време до закажаното интервју. Во одредени случаи на интервјуто, официрот може да побара дополнителна обработка што може да трае до 6 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Курс по англиски јазик во Америка

Запишете курс по англиски јазик во Америка и усовршете го англискиот јазик на брз и лесен начин во земја на англиско говорно подрачје.

Повеќе детали

Основни студии во Америка

Информирајте се што е потребно за упис на основни студии во Америка. Стекнете меѓународно призната диплома на некој од универзитетите во Америка.

Повеќе детали

Стручни програми во Америка

Изберете некоја стручна (VET) програма во Америка, развијте практични и професионални вештини и олеснете го пронаоѓањето работа и напредокот во кариерата.

Повеќе детали

Мастер студии во Америка

Усовршете го постоечкото знаење на некој од многубројните мастер програми, запишете мастер студии и продолжете го школувањето во Америка.

Повеќе детали

Graduate и postgraduate certificate и diploma во Америка

Развијте го своето знаење во одрена област за понатамошна надоградба на квалификациите или проширување на професионалните способности, со упис на Graduate certificate и diploma во Америка.

Повеќе детали

Докторски студии во Америка

Дознајте све за уписот на докторски студии и стекнување на титула доктор на науки на PhD студии во Америка.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот